Бечка шницла
- 800гр телешка удина
- сол, бибер, зачин
- 2 јајца
- 100гр брашно
- 150гр презла
- масло за пржење
-
До колку сметате дека телешкото месо не е толку младо и кревко, ви предлагам да го ставите да одстои 2-3 часа во млеко.
Потоа исцедете го и пригответе го во начинот кој е опишан. -
Најпрво телешкото месо исечете го на танки шницли.
Со дрвен чук се чукаат шницлите од двете страни.
Се зачинувааат по вкус и нека одстојат барем 1 час во фрижидер, како месото би го примил зачинот.
Потоа се валкаат во брашно, изматено јајце и презла.
Се пржат на тивок оган од двете страни да заруменат.
Се редат на хартиени салфети, па се сервираат.
Оцени ја веста
26.12.2014 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа