Како сами да се спасите од инфаркт?

Не ретко инфарктот ги погодува пациентите токму во моментот кога тие се сами и во близина нема никој кој би можел да им помогне. Затоа, секогаш е корисно да се знаат советите за тоа како треба да реагирате во вакви случаи.

 

Имено, добро познато е дека првичните сигнали кои што укажуваат на тоа дека еден човек доживува инфаркт е започнувањето на неправилно отчукување на срцето, а најчесто, пациентот има само десет секунди пред да ја изгуби свеста.

 

Сепак, она што секој од нас треба да го знае е фактот дека постои начин на кој пациентите може да се обидат самите себе си да се спасат од инфарктот – да започнат силно и зачестено да кашлаат во моментот кога ќе помислат дека доживуваат инфаркт.

Важно е пред секое закашлување и длабоко да се вдиши, а кашлањето треба да биде длабоко и долго, како нешто да треба да се исфрли, да се искашла од организмот, пишува интернет порталот”Source.ba”.

Вдишувањето и кашлањето треба да се повторуваат на секои две секунди, без откажување, се додека не пристигне помошта или додека пациентот не почувствува дека работата на неговото срце се стабилизирала и тоа почнало нормално да отчукува.

 

 

Имено, длабокото вдишување ги снабдува белите дробови со кислород, додека пак кашлањето го притиска и “масира” срцето, одржувајќи ја на тој начин циркулацијата на крвта. Исто така, пациентите може да си помогнат себе си и доколку се во можност со рацете да го притискаат пределот околу срцето.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега