УЈП со продолжено работно време

Од 1 јануари идната година даночните одделенија на УЈП во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

- Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму поотсетуваат дека продолженото работно време за регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1 октомври годинава.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 15:15
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега