Оглас за обуки за туристички водичи и за обезбедување

Во Агенцијата за вработување во тек е оглас за обуки за туристички водичи и придружници и за обезбедување, информира денеска на прес-конференција директорот на Влатко Поповски.

Обуките се однесуваат на сите активни баратели на работа од областа на туризмот, со која 15 лица можат да добијат лиценца за туристички водич или придружник и од областа на обезбедувањето, каде може да апицираат активни баратели на работа со статус на деца без родители до навршување на 18 години и со приматели на социјална парична помош за што се предвидени 20 лиценци.

- Со овие мерки дополнително ќе популаризираме две групи невработени, кои мислам дека во овој момент малку се оставени настрана. Ќе им помогнеме да добијат соодветна обука по која веднаш ќе може да добијат вработување, рече Поповски. 

Раководителот во Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска истакна дека сите активни баратели на работа евидентирани во Агенцијата за вработување може да аплицираат за обука за туристички водичи или придружници со диплома од минимум средно образование заверена кај нотар, копија од државјанство и лична карта, извод од матична книга на родени и познавање на еден од светските јазици. 

- Од областа на обезбедувањето може да аплицираат сите активни баратели на работа, што имаат статус на деца без родители до навршување на 18 години и со приматели на социјална парична помош. Потребно е да бидат државјани на Република Македонија и да имаат живеалиште во земјава, да имаат наполнети 18 години, да поседуваат лекарско уверение за општа психофизичка и здравствена состојба  не постаро од три месеци, да не се осудувани и да има завршено најмалку средно образование, појасни Алексовска. 

Заинтересираните граѓани што ги исполнуваат условите може да аплицираат во центрите за вработување во Република Македонија до 15 јануари.

 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега