Ќе врне до петок - од викендов започнуваат жештините
Метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека и утре ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет и ретка појава на грмежи, како и во петок
Дождот и грмотевиците ќе се здржат до петок, а веќе од викендов може да очекуваме сончево време со температури околу 35 степени Целзиусови.
„Во петок ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец", велат од УХМР за Нетпрес..
Во четврток температурите во текот на денот ќе се движат од 17 до 23 во високите планински места, додека во котлините температурата ќе биде од 25 до 29 степени. Во петок не очекуваат слични температури.
За сабота и недела, како и за првите денови од следната седница метеоролозите ни најавуваат сончево време кога ќе најави навистина жешко лето. Се прогнозираат температури и над 35 степени.
„За време на викендот и во почетокот на следната недела времето ќе биде сончево и топло", се вели во информацијата од УХМР.
Во сабота, според метеоролозите, ќе имаме високи 33 степени, а за по едне степен ќе се зголемува температурата на воздухот во секој следен ден.
Инаку, во текот на вчерашниот ден за време на невремето што ја зафати Македонија најмногу дожд наврнало во Виница каде се измерени 41 литар на метар квадратен, потоа во Дојран – 33, Струмица – 32, 28 литри дожд на квадрат наврнале во Гевгелија, а во Скопје 27 литри. Најмалку дожд наврнало во Охрид, само три литри на метар квадратен.
Какво ќе биде времето во наредните 30 дена, проверете тука