Животот пишува драми: Се омажила за љубовта на животот 12 часа пред да почине

Ова е една од најтажните приказни за љубовта и смртта, која ретко се гледа на филмското платно, а не пак во вистинскиот живот. Животот пишува драми, а ракот на јазикот е ретка, но смртоносна болест.

Една млада мајка која подолго време се борела со рак на јазикот, починала 12 часа откако се омажила за љубовта на нејзиниот живот.

Ема Гилеспи, го склопила брачниот завет со Мајкл, во Ланкастер, на 20-ти ноември годинава во 11 часот наутро, а за жал, неполни 12 часа подоцна, таа починала и тоа на еден месец пред нејзиниот 29-ти роденден.

Нејзиното семејство сега се обидува да ја подигне свеста околу ракот на јазикот, тешката болест која ја однесе нивната Ема, а најтажен е најверојатно нејзиниот пет годишен син, кој остана без мајка.

Таа минатиот декември за прв пат забележала дека нешто не е во ред, кога го открила чирот на нејзиниот јазик, кој не поминува.

- Не очекувавме дека во прашање е нешто сериозно, кога отиде по резултатите од биопсијата, а испадна дека е рак на јазикот, рекла низ солзи нејзината мајка Деби.

28 годишната жена, одлучила да се бори против оваа тешка болест и била на две операции, а и бил отсечен и дел од јазикот.

Но, и покрај интензивната радиотерапија, семејството добило поразителни вести во јули годинава, кога дознале дека нејзината болест е неизлечива.

- Радио терапијата даде резултати и ракот брзо исчезна, но, по четири недели, кожата на вратот почна да и отекува. По неопходната дренажа состојбата се подобри, но подоцна ракот се прошири на црниот дроб, плуќата и вратот, вели нејзината мајка.

Семејството било шокирано од тоа за колку брзо време болеста напреднала и ја совладала нивната Ејми, а по само две сеанси хемотерапија, лекарите се откажале од третманот бидејќи не дејствувал.

Кога во ноември дознале дека можеби нема да преживее повеќе од 24 часа, таа и вереникот веднаш закажале венчавка.

- Не можевме да веруваме што се случува и ја преместивме венчавката од 28 на 20-ти ноември. И купив венчаница, но не сакаше да ја облече. И ја облековме за погребот, вели расплаканата мајка.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 10:38
Фото: 
скопјеинфо

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега