Салата од макарони со туна и зеленчук
- 300 гр мали макарони
- 2 конзерви од по 150 гр туна во масло
- 1 морков
- 15 црни или зелени маслинки без семка
- 4 лажици пченка од конзерва
- 4 лажици маринирани печурки
- 4 лажици замрзнат грашок
- 4 лажици посен мајонез
- по вкус сол
- 2 кисели краставички (сецкани на коцки)
- Морковот исецкајте го на коцки и заедно со макароните ставете ги да се варат во посолена зовриена вода. Варете ги по упатството на пакувањето. 5 минути при крајот додајте го и грашокот и тој да се свари.
Потоа исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и оставете ги да оладат.
Ставете ги во сад, додајте ја туната исцедена малку од маслото, останатиот зеленчук, посолете по вкус и додајте го мајонезот. Се убаво измешајте и спремна е за сервирање.
Мајонезот можете да си додадете и повеќе ако сакате покремаста салата.
Мои рецепти
Оцени ја веста
24.12.2014 - 20:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа