Петнаесет дена живеел покрај мртвата сопруга

Абдул Рахман петнаесет дена живеел покрај неговата сопруга Надежда А.  мислејќи дека спие. Надежда била пронајдена во стан во Белград, а според неофицијални информации починала од природна смрт. Случајот бил откриен кога еден од комшиите почуствувал неподнеслива миризба пред нивниот стан, по што ја повикал Комуналната полиција. Веднаш била известена полицијата и итната помош.. Сопружниците биле постари од 70 години, немале деца и сами се издржувале. Во последно време покажувале знаци на деменција. 

Докторите од итната помош му помогнале на Абдул Рахман А. и го однеле на преглед во болницата "Dr Laza Lazarević" . Безживотното тело на неговата сопруга пак е пренесено на Институтот за судска медицина каде што со обдукција ќе се утврдат причината и времето на нејзината смрт.

најчитано сега