Иван Ивановиќ откри зошто ја провоцирал Марија на полуфиналето на ТЛЗП
Водителот Иван Ивановиќ во полуфиналната емисија на шоуто Твоето лице звучи познато „суптилно ја провоцираше“ Марија Михајловиќ, која кажа дека продукцијата на шоуто и Гранд го форсираат Бане Мојиќевиќ, а сега открива и зошто.
Минатата недела помина во знакот на Фејсбук постот на Марија Михајловиќ во кој таа „распука“ по продукцијата на шоуто и Гранд продукцијата бидејќи го „бутале“ Бане во финале и дека токму поради тоа таа ќе му даде најмал број на поени.
Набрзо откако ја сподели пораката, Марија ја избриша, но реагираа оние кои се најдоа во постот – ТВ Прва, Емоушн и Гранд. Сите беа едногласни во едно, а тоа е дека Марија со ова покажала крајна непрофесионалност, а водителот на ток шоуто „Вечер со Иван Ивановиќ“ го искористи полуфиналето на ТЛЗП за да каже дека таа е „љубоморна“.
Сега во изјавата за „Наши новини“, Ивановиќ открива и зошто тоа го направи.
-Марија е многу лута бидејќи во монтажата се скратени нејзините коментари и сега сите нејзини коментари кон Бане Мојиќевиќ се резултат на тоа. Тоа го сметам за непрофесионално и голем противник сум на тоа, бидејќи сите за време на шоуто видоа со колкав талент располага Бане. Марија не го познавала сосема начинот на работа и како сето тоа функционира што е малку нереално за некој кој е на телевизија, рече тој.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа