Трагична семејна драма - маж и бебе се борат за живот

Во семејна драма денеска околу 11:30 часот во Задар, по пукање од огнено оружје ранети се еден маж и бебе. Според неофицијални информации, причина за пукањето било семејно недоразбирање помеѓу разведените родители.

-Во 11:30 примивме повик за пукање од огнено оружје во Задар. Во дворот на куќата полицијата ги пронашле ранетиот маж и детето кои имале тешки престрелни рани. Детето беше пренесено веднаш во задарската болница, а мажот по укажаната прва помош, исто така бил префрлен во болница. И двајцата се борат за живот,  изјавиле од полициската станица во Задар.

Очевидци за хрватските медиуми тврдат дека причина за смејната драма било несогласувањето на Златко Свирчиќ со неговата сопруга Марина Орловиќ и дека нивните караници трале години наназад. Соседите на семејството велат дека нападот започнал на сред улица пред куќата, и тоа додека Залтко во рацете го држел нивниот 10-месечен син. Куршумите од огненото оружје завршиле во малото бебе и во таткото.

 

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега