Тој ме остави мене за тебе и тебе ќе те остави за друга- совети за жените кои крадат туѓи мажи
Слоан Бредшо го споделила своето искуство со новата девојка на нејзиниот маж.
- Пред извесен период имав непријатно искуство и морав да ја запознаам новата девојка на мојот сопруг. Да, реков девојка на мојот сопруг! Тоа е жената која што се всели кај него, веднаш откако тој пред три месеци ме остави мене и децата. Имајте на ум, јас не сакав да ја запознаам, но морав затоа што децата очигледно ќе треба да минуваат време со неа. Помислив дека ќе бидам добра личност доколку напишам неколку совети за жените "крадливки" кои мамат туѓи мажи...
1. Уште сум мажена за тој човек. Затоа не го ставај носот во нашите работи за да можеме да мир да се разделиме, Тоа го вклучува и времето поминато со нашите деца.
2. Не инсистирај да ги читаш пораките кои јас му ги праќам. Тажно е тоа што го правиш!
3. Престани да мислиш дека се уште го сакам тој јадник во мојот живот.
4. Не пробувај да бидеш дел од животот на нашите деца.
5. За жал, поради децата ќе треба да те гледам секој ден. Затоа кога ќе дојде време за наша средба, не мора да се дотеруваш, не одиш на ревија, туку ме гледаш мене!
6. Не ме прекинувај додека зборувам со човекот со кој се уште сум во брак. Ти не си дел од нашата врска.
7. Не очекувај да ги почитувам твоите чувства. Ти апсолутно не си ми важна.
8. Спиеше со мојот сопруг и ми го уништи семејството. Веројатно е дека никогаш нема да те почитувам и ќе те мразам.
9. Знај дека и ти еден ден ќе бидеш оставена. Не заборавај, тој ме остави мене за тебе, а тебе ќе те остави за друга.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа