Трогателно: За да го спаси своето бебе, го даде сопствениот живот

Приказната за бремената кинеска презентерка која одлучила да ја одбие хемотерапијата за рак на матката, со цел да го спаси своето неродено синче трогна милиони луѓе ширум светот.

Кви Јуанјуан од Дженгджу, главниот град на провинцијата Хенан, почина точно после 100 дена од раѓањето на нејзиниот син Нианиа.

Таа во месец март дознала дека е бремена, но нејзината среќа беше прекината кога дознала дека страда од последната фаза на малиген тумор.

За да не му наштети на нејзиното бебе, таа ја прекина хемотерапијата што овозможи проширување на ракот.

Кога во септември состојбата и се влошила, беше префрлена во болница, а со царски рез на свет беше донесен нејзиниот син Нианиа.

После тоа таа била на операција за отстранување на малигниот тумор, но веќе било предоцна. Нејзините шанси за излекување биле многу мали . Ја советувале да се врати дома и преостанатото време да се грижи за нејзиниот син.

Кви почина на 12.декември откако заедно со семејството прославија 100 дена од раѓањето на синот, традиција која се практикува во сите кинески фамилии.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега