ВИДЕО: По ова ќе размислите дали повторно ќе го ставите мобилниот покрај глава

Пет девојчиња од едно училиште во Данска извеле многу интересен експеримент, кој привлече огромно внимание ширум светот, а сликите кои ги поставија на интернет предизвикаа бурни реакции на многуте истражувачи, биолози и експерти за зрачење од Англија, Холандија и Шведска.

Експериментот се состоел во тоа што било набљудувано како се развива семето на две идентични билки во две простории со идентична положба кон сонцето, налевани со еднаква количина вода и со иста температура.

Во една просторија е ставен рутер за безжичен интернет кој емитува зрачење како и обичниот мобилен телефон, а во другата просторија немало ништо.По 12 дена, семето покрај безжичниот рутер воопшто не пораснало, а некои билки дури и мутирале.

Билките настанати од просторијата без зрачење нормално напредувале и биле потполно здрави.Младите истражувачи всушност сакале да го свртат вниманието на тоа како мобилниот телефон кој повеќето од нас го држат покрај креветот во близина на главата, влијае на сонот и концентрацијата.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега