Божиќни колачи

 

Се подготвуваат брзо, и одлични се за овие празнични пригоди.

Состојки:

- 300гр. компир-варен,испасиран (или пире од костени)

- 100гр.чоколадо

- 100гр.маргарин

- 300гр.мелен кекс

- 200гр.шеќер во прав

-1 лажица какао

-2 лажици рум

-каранфилче мелено

-цимет 

Подготовка: Компирите убаво сварени, се пасираат убаво да нема грутчиња, им се додава чоколадо стопено, маргаринот исто така стопен, какаото, румот, мелениот кекс и шеќерот во прав, малку каранфилче и цимет. Се формираат колачи по желба.Се украсуваат со чоколадо, шеќерни украси, мрвици, кокос во прав...

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега