Грција: Вработените во ЕРТ побараа масовен штрајк
Вработените во грчката државна радио и телевизија ЕРТ повикаа денеска за протести пред зградата на медиумот во Атина.
– Ги покануваме сите на митинг пред зградата на радиото и телевизијата, бидејќи борбата против отпуштањето од работа и невработеноста треба да биде заедничка, се вели во пораката на вработените во ЕРТ на Фејсбук.
Унијата на новинари од Атина соопшти дека „по непријателското и варварско вмешување на трипартиската Влада да ја затвори ЕРТ, новинарските сојузи одлучиле да почнат со непрекинати акции со штрајк во сите приватни радио-телевизиски канали“.