Секој месец се убиваат по тројца банкари - за година дена под чудни околности загинале 52

Белгиски банкар е пронајден на плажа, 36 на листата за оваа година, а после него на страшен начин настрада и банкар во Лондон. Големите црни мистерии, се на финансиската сцена во светот - дури 52 врвни банкари загинаа или се убиени во последните 19 месеци. Само годинава се убиени или загинаа 37 врвни банкари односно тројца на секој месец. 

Црната серија почна во март 2013, кога низ прозор се уби Давид Роси, директор во банката Монте деи Паски. Месец дена потоа од воз во движење скокна и се уби Дејвид Вилијам Вејгуд, менаџер во HSBC Банката.

Особено шокирачка беше смртта на американскиот банкар Шавн Милер, кој е пронајден со исечен грклан во своето купатило на 18 ноември годинава. 
Двата последни примери се случија во Белгија и Велика Британија. Почетокот на ноември во Белгија исчезна 52 годишниот Геерт Тацк. кој во една голема банка ги водеше сметките на богатите. 

По месец дена полицијата неговото тело го пронајде на плажа во Остендеу, а на него немаше никакви траги од насилство. Иако се нагаѓа дека можеби сакал да побегне со парите на своите клиенти, неговите колеги ја отфрлаат таквата теорија.

Пред недела дена лондонскиот инвестициски банкар Скот Јанг е пронајден набоден на шилска ограда пред зградата во која живеел. Наводно скокнал од својот пентхаус во зградата во која се наоѓа покрај куќата во која некогаш живеел тапанарот на Битлси Ринго Стар. Полицијата и пожарникарите морале неколку часа да се потрудат за да го извлечат телото од оградата, а медиумите следните дена пишувале дека станува збор за сомнителна смрт.

На бројните блогови веќе се расправа за теориите на завери и мистериите за смртта на банкарите. Тогаш било 2008 година на почетокот на големата криза.

 

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега