Не престанува да се тресе земјата околу Македонија - нов земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран денеска југоисточно од грчкиот град Лариса и на 179 километри северно од Атина. 

Според Сеизмолошкиот институт во Атина епицентарот на земјотресот бил во регионот на градот Фарсала.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Во последниве неколку месеци по неколку земјотреси дневно ја тресат Грција. Најголем дел од нив беа во близина на островите, а овоје првиот на континенталниот дел и најблиску до Македонија

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега