Секоја чест за овој татко - откако мајката ги напуштила тој сам се грижи за своите деца

Кога нивната мајка заминала не знаев ништо околу децата, ни гриз ни пудинг да направа дури ни да ги пресоблечам, се присетува Џорџе Станисављев за емисијата Ексклузив.

Нивната тажна приказна започнала  кога ги напуштила нивната мајка,  таткото Џорџе со синот Стефан и близначките Јована и Јелена кои тогаш немале ни пет месеци останале сами. Од тогаш работите малку се промениле, мајката ги посетува, но ретко  „понекогаш’  вели,  таткото на трите деца, ќе дојде на еден час, а некогаш и на пет минути. Децата и се радуваат, се присетуваат на нивната мајка, тогаш таа оди, а тој останува сам со своите три деца во солзи.

- Постариот син порасна во мрак , не знаеше ни што е телевизор, ни што е цртан. Кога се родија близначките,  еден сосед се нажали на нас и ни даде еден кабел за да можат да пораснат нормално. Тогаш веќе беа три... Кога мајката замина од дома ми беше многу тешко бидејќи ништо не знаев околу децата. Ни да ги пресоблечам ни да им подготвам храна... Морав се да научам... Но, многу ги сакам... Тогаш близначките имаа по четири килограми, немаа ни пет месеци... Стефан тогаш имаше година и пол, рекол таткото.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега