Нова истрага против градоначалникот на Загреб

Хрватската канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) започна нова истрага против градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, како и против Зденка Палац и Ивица Ловриќ поради сомнеж дека со злоупотреба на службена положба и овластувања го оштетиле градот Загреб за околу 40.000 евра. 

Според УСКОК постои сомнеж дека Бандиќ противзаконски прифатил барање на едно здружение и донел заклучок градот да биде покровител на нивните активности од 21 септември до 5 октомври, што не опфаќа финансиска помош. 

Хрватските медиуми наведуваат дека станува збор за здружението „Во име на семејството“ и дека покровителството се однесува на нивните активности во однос на референдумот за измена на изборниот систем. 

Спротивно на донесениот заклучок Бандиќ од началникот на градското Одделение за образование, култура и спорт Зденка Палац побарал на сметка на градот, за потребите на здружението, да организира печатње на промотивен материјал и плакати. Палац тоа го извршила со склучување договори со разни трговски друштва, наведува УСКОК. 

Бандиќ од шефот на загребската филијала на „Пазари“ Ивица Ловриќ побарал да отстапи поголем број штандови, што Ловриќ и го направил. 

Против Бандиќ веќе се води постапка поради сомнеж за повеќемилионски измами.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега