Претседателот Иванов ќе се обрати на 18. Самит на земјите од Централна Европа

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во Братислава каде ќе учествува на 18. Самит на земјите од Централна Европа, чиј домаќин е претседателот на Словачката Република, Иван Гашпарович.

 Претседателот Иванов ќе има свое обраќање на пленарната сесија на самитот, кој се одржува под мото “Стратегија за раст за посткризно закрепнување “.

 

  На маргините на Самитот, на кој своето учество го потврдиле деветнаесет претседатели од нашиот регион и од Централна Европа, претседателот Иванов ќе оствари повеќе билатерални средби.

 

 

најчитано сега