"Не оди ангелче ладно е таму доле, што ќе правам без тебе" - таткото на малата Лена полуде од болка

8-годишната  Хелена Крсмановиќ која беше застрелана со ловечка пушка од нејзиниот помлад брат е погребана вчера на гробиштата во Ресник. Околу 200 луѓе ја испратија малата Хелена до вечното почивалиште, а нејзиното семејство не можеше да се одвои од белиот ковчег.

- Што ќе правам без тебе убава ќеркичке, Лено моја, иконо моја...вака таткото на малата Хелена извикуваше во очај до белиот ковчег. Скршена од болка, мајката на малото девојче го држеше таткото кој немаше сили ни да стои на нозе.

- Зошто се случи ова, зошто така ме гледаш како да сакаш нешто да ми кажеш? Ќеркичке моја...кажете ми што да правам јас сега, неутешно липал таткото на Лена.

Пред да биде спуштен белиот ковчег таткото на осумгодишното девојче полудел од болка.

- Каде ќе одиш среќо моја, не оди, ладно е таму доле, извикувал тој низ солзи.

Навистина голема трагедија...нека почива во мир.

 

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега