Албанија и Бразил го укинаа визниот режим

 

 

 Албанското Министерство за надворешни работи соопшти дека се укинува визниот режим меѓу Албанија и Бразил.

- Одлуката е донесена по заокружувањето на потрбените законски процедури, во соработка со бразилската страна. На овој начин се овозможува реципрочно укинување на визите и за обичните албански и бразилски граѓани, стои во соопштението.

Како што се наведува во соопштението на овој начин државјаните на двете земји може слободно да се движат на територијата на Албанија и Бразил. Државјаните на двете земји може да престојуваат во Албанија, односно Бразил, најдолго 90 дена сметано од денот на влез во содветната држава.

Албанското Министертсво за надворшени работи искажува задоволство за оваа олеснителна околност со која на граѓаните им се дозволува слободно движење на териториите на двете држави

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега