Шокантна изјава на монструмот кој со кабел си ја уби сопругата

Велимир Вукиќ (46) од Нови Сад, со телефонски кабел ја задавил својата 40 годишна поранешна сопруга. Веднаш потоа се јавил кај нејзината сестра, да и ја соопшти информацијата.

Без никакви емоции, тој си седел покрај телото на неговата мртва сопруга, кога полицијата дошла да го уапси.

Ладнокрвно признал дека ја убил. Не давал отпор при апсењето, а не ги ни погледнал полицајците.

-Нејзина обврска е да се грижи за децата, а јас да скитам. Ми дојде преку глава од нејзините лекции и во еден момент кога го заврте грбот, земав кабел и и го врзав околу вратот. Кога видов дека е мртва, ја повикав нејзината сестра, ладнокрвно изјавил во полицијата.

Според информациите кои ги објавија српските медиуми, Велимир и неговата сопруга Зденка се развеле пред 3 месеци.

По долго убедување, таа решила поради децата кои заедно ги имале да му даде нова шанса. 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега