Нема за мене живот без ќерка ми- се огласи таткото на момчето кое си ја уби сестричката со пушка

Семејството Крсмановиќ од Ресник е обвиено во огрома тага откако вчера нивниот 4-годишен син случајно ја уби својата 8-годишна сестра со ловечка пушка.

Таткото на убиеното девојче вчера бил во шок, па како што посочиле неговите блиски пријатели и роднини, за српски Телеграф, тој дури се обидел да се самоубие и цело време зборувал дека не му се живее повеќе.

- Нема за мене живот без Хелена, ќе се убијам, извикувал несреќниот човек, поради што во нивната куќа постојано се присуни голем број на полициски службеници.

Соседка на семејството Крсмановиќ, која е нивна пријателка цели 20 години, едвај собрала сили да изјави дека ова е огромна трагедија за семејството и дека Хелена на сите многу ќе им недостасува.

- Хелена беше многу добро девојче, кога беше мала постојано доаѓаше со нејзината баба и си игравме. Ова е огромна трагедија, изјавила соседката Данка.

Според неофицијални информации, со несреќата дошло кога момчето и девојчето останале сами во собата во која се наоѓале две воздушни пушки. Момчето ја земало едната пушка со намера да си игра со неа, мислејќи дека не може да и наштети на неговата сестра. Случајно истрелал еден истрел од пушката кој на лице место ја усмртил негова 8-годишна сестра Хелена.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега