Со луксузното БМВ на татко му прегази 3 девојчиња - ќе лежи во затвор скоро 5 години


Четири години и десет месец затвор доби 21 годишниот Дени Жупан од Славонски Брод, Хрватска, откако минатата година со автомобил марка БМВ прегази три 15 годишни девојчиња на тротоар во градот.Едно од  девојчињата кои се враќаа од училиште загина а останатите добија сериозни повреди.
Осудениот бил во алкохолизирана состојба  и возел над дозволената брзина, оцени судот.
Обвинителството барало казна затвор од 5 години.
Покрај затворската казна, осудениот доби и забрана за управување со моторно возило во траење од 4 години, која ќе стапи на сила откако тој ќе излезе од затвор.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега