Премиерот на Кина денеска ќе допатува во Белград

 

 

 Премиерот на Кина Ли Кечијанг ќе допатува денеска во Белград пред Самитот Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа што ќе се одржи во главниот град на Србија.

Посетата на Ли Кечијанг е прва посета на кинески премиер на Србија во изминатите 28 години.

Третиот Самит на Кина и 16 држави од ЦИЕ ќе се одржи на 16 и 17 декември под мотото - Нов мотор, нова сила, нова платформа, и на него ќе има 1.350 учесници. Посетата на кинескиот претседател на Владата и работата на самитот ќе ја следат 1.100 новинари, јави Танјуг. 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега