Свинско со печурки и бело вино
1кг свинска удина
· 1 тегла шампињони
· 150-200мл бело вино
· 2 главици кромид
· 1 лажица брашно
· 1/2 китка магдонос
· сол, бибер, црвен пипер и мешан зачин по вкус
· Масло за готвење по портеба
Месото исечете го на коцки и ставете го да се вари на тивок оган додека да омекне.
Кромидот исецкајте го и ставете го да се пржи. Откако ќе омекне додадете ги печурките и пржете додека да испари водата. Потоа додадете 1 голема лажица брашно малку да се пропржи со печурките и кромидот.
Во тавата додадете го месото, виното и водата во која се вареше месото, отприлика колку да се покрие месото. Потоа ставете го сецканиот магдонос, 1 лажиче црвен пипер, сол, бибер и мешан сув зачин по вкус. Промешајте и оставете го да покрчка 5 мин.
Тавата покријте ја со капак и ставете ја во рерна да покрчка 40-тина мин. Потоа тргнете го капакот и оставете месото да се потпече 15тина мин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа