Властите осуетија намери за државен удар, тврди министерот за внатрешни работи на Турција

 

Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала изјави дека како резултат од приведување приврзаници на антивладиното движење Хизмет, во Турција се спрешени обиди за државен удар.

- Во изминатите 10 години се воделе акции за поткопување на системот, но ние успеавме да ги осуетиме сите тие планови и намери, изјави Ала.

Турската полиција вчера  во Истанбул и други градови презеде операција за приведување на десетици приврзаници на Хизмет на исламскиот проповедник Фетулах Гулен кој живее во САД.

Турските власти го обвинуваат движењето за заговор за соборување на владата, формирање паралелни структури во полицијата и судскиот систем, организирање нелегално прислушкување на раководни претставници во државата.

Меѓу приведените е и главниот уредник на весникот Заман, Екрем Думанли, генералниот директор на телевизискиот  канал Саманјолу Хидает Караџа, сценаристи, режисери и продуценти од телевизијата, поранешен началник во истанбулската полиција, поранешен шеф на оддел за борба со организиран криминал во истанбулската полиција и други полициски претставници.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега