Турската полиција го уапси главниот уредник на „Заман“

 

 

 

 

 

Турската полиција го уапси денеска Екрем Думанли, главен уредник на еден од главните весници во земјата „Заман“, критичен кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Екрем Думанли беше уапсен при второто доаѓање на полицијата во редакцијата на „Заман“, откако утрово не успеа да изврши апсења таму поради големиот број демонстранти, кои се собрале пред зградата.

Во денешната акција на полицијата се уапсени најмалку 24 лица - новинари, извршни директори, продуценти и полицајци, блиски до исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, противник на претседател Ердоган. 

Издадени се наредби за апсење на 32 лица.

Полицискиот упад уследи само неколку дена откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави нова кампања против неговиот поранешен близок соработник, а сега непомилив непријател Ѓулен и неговите приврзаници.

Пред неколку дена на профилот на Твитер @Fuatavnifuat беше најавено апсење на околу 400 критичари на турски претседател, меѓу кои и 150 новинари, вклучително и главните уредници на весниците „Заман“ и „Тудејс Заман“, кои важат за блиски до Ѓулен.

Се претпоставува дека зад името „Фуат Авни“ стои човек од круговите блиски до власта. Тој и претходно најавуваше слични полициски акции кои потоа се покажуваа како вистинити.

Поради најавите за апсење на новинари на „Заман“, стотици лица ноќта меѓу четвртокот и петокот ја минаа пред редакцијата на весникот. Тие изразија незадоволство од, според нив, „се по авторитарното однесување на Владата во задушувањето на критички настроените медиуми“.

Главниот уредник на „Заман“, Екрем Думанли пред насобраните вети дека нема да попушти пред притисокот и дека што и да се случи весникот нема да молчи. Власите ги обвинуваат „Заман“ и „Тудејс Заман“ дека се поврзани со движењето на Ѓулен, за кој Ердоган тврди дека го иницирал минатогодишниот корупциски скандал со цел да ја урне неговата тогашна Влада.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега