Ципрас го обвини Самарас дека поттикнува страв во Грција

 

Лидерот на грчката левичарска опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас го обвини премиерот Андонис Самарас дека влева страв во земјата за да добие поддршка за гласањето за претседател, на кое кандидатот на владината коалиција треба да победи за да се избегнат предвремени парламентарни избори.

- Одбројувањето за владејачката коалиција и нејзината катастрофална политика веќе започна, изјави Ципрас, а за Самарас рече дека е „премиер на хаосот“.

Портпаролката на Владата Софија Вултепси побрза да му одговори на опозицискиот лидер и изјави дека „единствениот архитект на хаосот во Грција е Ципрас и оти единствениот грч кој постои во земјата е тој самиот“.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега