Сузана Гавазова се пожали

Познатата македонска фолкерка Сузана Гавазова која повторно е во блажена состојба и веќе во третиот месец од бременоста за Медиа.мк открива дека идната недела ќе го дознае и полот на бебето, за кое изјави дека посакува овојпат да биде син, за 8-месечната Емили да добие братче.

Пејачката која веќе извесен период живее во Шведска, во моментов престојува во родната Сушица кај своето семејство, каде ќе биде до божиќните празници. Периодов фолкерката го користи за да ужива во времето поминато со најблиските, за кои вели дека најмногу и недостасуваат во Хелсинборг.

- Убаво е таму, не велам дека не е, но многу е досадно и монотоно. Сите по цел ден се на работа, а јас бидејќи немам никакви обврски седам по дома и ја чувам Емили. Почнав да одам на курс за јазик, затоа што ако сакам да живеам таму, морам да научам да зборувам шведски, инаку не можам да се разберам со никој. Во текот на денот по неколку часа шетам низ маалото, затоа што од седење дома и гледање само телевизија нема аир, просто ќе полудиш", вели Гавазова.

- Другата недела сум на ултразвук и ќе го знаеме полот. Сакаме да биде син, се надевам дека и ќе биде како што и читав по интернет, според еден кинески хороскоп. Со Емили ми се погоди, па може и сега ќе биде така", низ насмевка прокоментира фолкерката, која новогодишните празници ќе ги помине работно и ќе пее во дискотека во Струмица, а потоа се враќа назад во Шведска каде планира и да се породи.

Извор; Meдиа.мк

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега