Што предвидела Баба Ванѓа за 2015-та година?

Баба Ванѓа проживеа доволно долго да направи многу интересни предвидувања поврзани со почетокот на 21-от век. Токму поради нив интересот кон пророчицата не стивнува и до денес. Ванѓа предвидува крајот на светот, кој треба да настапи неминовно во овој период. По долгите толкувања на нејзините предвидувања некои руски специјалисти стигнаа до следниве заклучоци поврзани со 2015 година…

Почетокот на годината ќе биде обележан со глобално разделување на светот, ќе има револуционерно расположение во многу европски земји, финансиски крах и ресурсни кризи. Во такви околности особено важна улога ќе преземат Русија и Кина. 2015 ќе биде интересна година за науките за вселената. Според пророчицата, ќе има руско откритие кое ќе постави нови граници за развој пред целата цивилизација. Кон средината на годината ќе се појави закана од нуклеарна војна, но таква нема да има. Корист од она што се случува ќе има Кина. САД, од своја страна, ќе отстапи назад и ќе бидат распнати од внатрешни поделби и длабока финансиска криза.

Меѓу претскажувањата на јасновидката присуствува и такво за деструктивно цунами, што може да доведе до потонување на југоисточниот дел на Евроазија. Постои веројатност да останат под вода и држави како Англија, Португалија и дел од Шпанија. Во исто време во Северна Америка и Канада ќе беснеат деструктивни торнада. На африканскиот континент во средината на 2015 година ќе настане тешка положба поврзана со исхраната и свежата вода. Постои силен ризик од епидемија.

На крајот на 2015 година, според експертите за толкувањето на зборовите на Ванѓа, лугето ќе бидат сведоци на втора опасност од нуклеарна војна. Ако стане реалност, ќе се соочиме со светска катастрофа и разурнувања, кои ќе не натераат да напуштиме голем дел од земјината површина.

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега