Совети од "Здрава бременост" како да го чувате мајчиното млеко

Многу доилки се во дилема дали мајчиното млеко смее да се чува на собна температура или, пак, во фрижидер.

На Фејсбук страната „Здрава бременост“ може да ги прочитате препораките за начинот на чување на мајчиното измолзено млеко.

Во продолжение се препораки за начинот на чување на измолзено млеко, во случаи кога мајката треба да се врати на работа или мора да отсуствува подолго од дома.

- измолзеното млеко може да се чува на собна температура - 4 часа 

- во фрижидер: свежо - 48 часа, одмрзнато 24 часа; 

Чувајте го измолзеното млеко во централниот дел од фрижидерот, не во полиците на вратата! 

- во замрзнувач со посебна врата од фрижидерот - 3 месеци 

- во длабок замрзнувач - 6 месеци.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега