Ммм...Мини пици
Изненадете го вашето семејство со вкусни мини пици. Еве што вие потребно:
Состојки:
2 готови теста за пица
2 домати
моцарела сирење
марула
босилек
сол и бибер
маслиново масло
Подготовка:
Исечете ги доматите на кругови и зачинете ги со маслиново масло, сол и бибер. Оставете го тестото за пица малку да се одмрзне и исечете го на помали парчиња.
Намачкајте го тестото со маслиново масло и ставете го на скарата. Печете го околу 5 минути од една страна, додека да добие златно жолта боја.
Потоа превртете го од другата страна и наредете врз секое парче тесто по едно парче домат, сецкана марула, зачинете со босилек, па најгоре стевете парче Моцарела сирење.
Печете ги пиците уште 5 минути, додека да се растопи сирењето, а потоа се служат топли.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа