19 села во Србија целосно оковани од снег

 

Снегот кој непрекинато паѓа окова 19 села во околината на Књажевац во висока снежна покривка. Во општината е прогласена вонредна ситуација, а во повеќето од селата веќе неколку денови нема струја.

- Повеќе од шест дена периодично нема струја во 19 села каде живеат околу 2.140 жители, поради паднатиот далековод, изјавиле од општина Књажевац.

Снегот во околината и понатаму продолжува да паѓа.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега