Поплави предизвикаа проблеми во сообраќајот во Северна Грција

 

Поројните дождови предизвикаа проблеми во сообраќајот и поплави во повеќе области во Северна Грција. Лошото време ги отежна и полетувањата и слетувањата на аеродромот во Солун, јавија локални медиуми.

Силниот дожд попречил сообраќајот во околината на Солун. 

Поплави се регистрирани и во западниот дел на земјата. Вонредна состојба е прогласена на грчкиот остров Порос. 

Поради обилните снежни врнежи на повисоките делови на планините во Западна Грција властите препорачуваат автомобилите да носат зимска опрема.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега