ТРАГЕДИЈА: Припадник на „Кобрите“ убил колега додека го чистел пиштолот

Во касарната „Васо Чарапиќ“ во Белград при несреќен случај еден од припадниците на специјалната единица „Кобра“ го загуби животот.

 

При рутинска проверка на оружјето, припадникот на единицата Н.И. додека го чистел пиштолот случајно испукал еден куршум кој завршил во неговиот постар колега Милан Досковиќ.

 

По укажаната брза помош, Милан, за жал им подлегнал на повредите во Воено-медицинската академија во Белград.

Од полицијата извршиле увид на местото на настанот. Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српската војска Љубиша Диковиќ изразија сочуство до семејството Досковиќ.

 

Милан Досковиќ е роден на 6.април 1981 година во Ужице, а на должност во српската војска бил од 28.јули 2001 година.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега