Грчката Влада за 17 декември го закажа првиот круг од претседателските избори

- Грчката Влада реши да ја забрза процедурата во Парламентот за избор на нов претседател на земјата, закажувајќи го првиот круг од гласањето за 17 декември, соопшти ТАСС.

Согласно првичниот план изборите требаше да се оддржат во првото тримесечје од 2015 година.

Евентуалниот неуспех на претседателските избори, кои се изведуваат во три круга, ќе доведе до предвремени парламентарни избори, забележаа француските медиуми.

Информирајќи го претседателот на заминување, Каролос Папуљас, за нивната владина одлука премиерот Андонис Самарас и вицепремиерот Евангелос Ванизелос вчера и од претседателот на Парламентот побараа што е можно побрзо да ја почне процедурата за избор на нов претседател.

Оваа одлука на Владата, според владиното коминике, се поврзува со двомесечното продолжување на планот за финансиска помош на Грција, за што вчера одлука донесоа меѓународните кредитори на земјата.

„Политичката несигурност треба да се прекине во моментов“, се посочува во коминикето.

Портпаролката на грчката Влада, Софија Вултепси, соопшти дека доколку на првиот круг од гласањето, на 17 декември, не се избере нов претседател, тогаш новото гласање ќе биде на 23 декември, а ако и тоа биде неуспешно, последниот трет круг ќе се организира на 29 декември.

Во првите два круга од гласањето за избор на нов шеф на државата се потребни 200 пратенички гласа од вкупно 300 во еднодомниот Парламент, а во третиот круг се бараат 180 гласа. Ако и во последниот круг не биде избран претседател, во земјата се објавуваат предвремени парламентарни избори.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега