Гореше автомобил во Велес
Вчера околу 21,00 часот во Велес настанал пожар на патничко моторно возило „Опел Астра“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 40-годишниот Г.Г. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот и веднаш го изгаснале пожарот.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од ОЈО Велес и увидна екипа од СВР-Велес.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот како и за причините кои довеле до опожарување на возилото.
Оцени ја веста
08.12.2014 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа