Мицкоски: Новите услови од ЕУ ја зголемуваат фрустрацијата кај граѓаните

Премиерот Христијан Мицксоки на Атлантскиот совет во Вашингтон говореше за фрустрацијата на македонските граѓани којашто е огромна.
Во 2018 година, како опозиција, нè посетуваа високи претставници од ЕУ и светски лидери, уверувајќи нè дека со промена на името веднаш ќе станеме членка на НАТО и ќе ги почнеме преговорите со ЕУ. Ветуваа членство во рок од 4-5 години. Тие години поминаа, а ние сме на истото место како пред 20 години и покрај тоа што го сменивме знамето, Уставот и името, рече Мицкоски.
„Сега повторно се соочуваме со нови услови, што ја зголемува фрустрацијата кај граѓаните“, истакна Мицкоски.
21.02.2025 - 12:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа