Солен ролат со топено сирење

 
  • 100 мл вода
  • 100 мл масло
  • 80 гр брашно
  • 3-4 јајца ( доколку се помали 4, а ако се поголеми 3 )
  • Фил:
  • 300 гр шунка
  • 300 гр мајонез
  • 16 парчиња топено сирење
  • 3-4 кисели краставички

1. Водата маслото и солта се ставаат во сад на оган да зовријат. Се трга од оган и се додава брашното. Се меша додека не се добие хомогена смеса. Се остава да се излади
2. Потоа се додаваат едно по едно јајцата. Се бие со миксер.
3. Смесата се става во плех од шпорет кој е обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200 степени. Одвреме навреме се чепкалка за заби се боцка тестото, за да не се крева при печењето.
4. Откако ќе се испече се превртува на влажна крпа и одозгора се прекрива со друга влажна крпа додека не омекни.
5. Шунката и краставичките се сечкаат на коцки. Топеното сирење се пасира со вилушка и заедно со мајонезот се меша. Тестото се филува и се витка ролат.
Извор: Мои рецепти

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега