Поради цигарите изгубив две деца- потресна исповед на една мајка

31- годишната Софи Џонс сега и три деца. Но за жал, Софи е мајка која преживеала и два губитоци на деца, едното било родено мртво, а другото починало после четири дена од синдром на неочекувана смрт.

 

Софи во 2006 година го доживеала првиот губиток. Тогаш таа го изгубила синот Френк, кој починал само четири дена после раѓањето. Докторите и` кажале дека се работи за синдром на неочекувана смрт. Таа не ни помислувала дека тоа е последица од пушењето, затоа што во сите бремености, освен во оваа, пушела. Меѓутоа, кога во 2011 родила мртво момче, лекарите почнале со сериозни испитувања.

Тие утврдиле дека плацентата во нејзината матка е оштетена и дека најверојатно причина за тоа е пушењето. Тогаш за прв пат помислила дека тоа што пушела по 25 цигари дневно за време на бременоста, негативно влијаело врз нејзиниот плод.
„Не можете ни да си замислите колку се каам. Мислев дека ппушењето им штети само на луѓето околу вас, не знаев дека му штети на плодот. Страшно е што тоа морав да го дознаам на ваков начин“, вели Софи.

„Неверојатна е болката која ја чувствувате кога целосно неочекувано ќе изгубите две деца. Кога ги средувам нивните гробови, мислам на тоа како требаше да ги средувам нивните соби. Мислам на нив секој ден, но особено е тажно за Божиќ, кога два подароци остануваат неотворени“, раскажува Софи.
Софи во тој момент престанала да пуши, и на сопствен ризик, останала бремена по шести пат.

-„Сите домашни се среќни што не пушам повеќе. Мојот совет за сите бремени жени е да размислите за ризиците кои пушењето ги носи пред да биде предоцна, за да не мора да поминувате низ она кое што го поминав јас.“

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега