Премиерот Груевски најави нова американска инвестиција - 400 нови вработувања

Американска компанија е следната која ќе инвестира во Македонија, најави денес премиерот Никола Груевски.

Груевски на денешната годишна Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека договорот за новата американска инвестиција ќе биде потпишан кон средината на месецов.

Станува збор за инвестиција вредна 18 милиони евра која ќе овозможи најмалку 400 нови вработувања.

- Тоа е една од најреномираните компании во САД и воопшто во светот за инфлатори за воздушни перничиња каде ќе има минимум 400 нови директнии вработувања и 18 милиони евра инвестиција. На оваа компанија работиме цели три години мошне посветено и еве конечно успехот ќе дојде, рече Груевски.

Компанијата ќе биде сместена во технолошко-индустриската зона во Скопје, а како што нагласи Груевски, договорот најверојатно ќе биде потпишан на 19.декември годинава. Тој најави и нова инвестиција во еден од поголемите градови во внатрешноста на државата.

 - Се надевам дека до крајот на годината ќе бидам во можност да објавам уште најмалку една голема инвестиција во еден од поголемите градови во  внатрешноста на Македонија кадешто досега не е изградена нова фабрика на што многу работиме деновиве и сме во завршна фаза на реализација, посочи Груевски.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега