Прекината седницата на Советот на општина Центар
По 20 часа тензична работа, утрово е прекината седницата на Советот на општина Центар. Советниците се стигнати до 13 точка а се уште не е разгледана спорната точка 14 која предвидува измени на Деталниот урбанистички план за местото каде што се наоѓа црквата Свети константин и Елена. Новата седница е закажана за во четврток.
Вчера, советниците во општина Центар беа под постојан притисок на стотици демонстранти кои незадоволни од измените на ДУП-от, и бришењето на црквата спроти Домот на АРМ, фрлаа со јајца, искршија неколку проорц, а мораше да интервенира и полицијата при што имаше и повредени.