Дождот сруши куќа во Прилеп

“Со години напуштената куќа на соседите, изградена уште во турско, не ги издржа последните обилни дождови.

Таа целосно се сруши, а нам ни направи невидени грижи.Од големата влага сега во опасност се и нашите куќи.Се плашиме за својата материјална, но и физичка безбедност”. Вака започнуваат да ја раскажуваат својата мака дел од жителите од прилепската улица “Цане Коњарец”, кои разочарани од незаинтересираноста на соседот  да си ја санира состојбата со рушевините, независно што сега живее на друга адреса, побарале помош и од надлежните општински служби, од каде им било речено дека за тоа ќе бидат потребни минимум шест месеци.

Маката на овие луѓе да биде уште поголема, сопственикот на разурнатата куќа, иако никако не сака да го реши проблемот со огромниот градежен шут, затоа, пак,  задниот дел од дворот во меѓувреме го претворил во депонија за гуми од камиони и автомобили. Соседите се плашат дека доколку од невнимание би се запалиле овие гуми, би се предизвикала голема катастрофа од која би настрадале сите околни куќи кои се изградени буквално една до друга.

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега