Пешевски: Националните симболи треба да бидат со трајни вредности

Принципите на којшто се бираат националните симболи треба да бидат базирани на трајни вредности, рече вицепремерот Владимир Пешевски одговарајќи на новинарско прашање за предлог одлуката за менување на државниот грб.

- Националните симболи што ги имаше Република Македонија беа врзани со начинот на нејзиното општествено уредување и сметам дека е подобро е за секоја држава принципите на којшто се бираат националните симболи да бидат базирани не на некакви тековни случувања туку на трајни вредности, осносно на хералдиката , рече Пешевски.

Тој истакна дека вчера на владина седница било дискутиран  предлогот за промена на државниот грб, кој понатаму ќе биде предмет на јавна расправа

-На владината седница беше постигнат еден консензус околку решение коешто ќе даде еден континуитет независно од тоа како ќе се развива општественото уредување во Македонија, да националните симболи бидат со многу потрајни вредности отколку оние штоо ги имавме до сега. Но она што е суштински е дека ова е предлог којшто ќе биде предмет на јавна расправа ќе ги видиме и размислувањата на јавноста па понатаму зависно од тоа ќе видиме како ќе тече процедурата, додаде вицепремиерот Пешевски.

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега