ВМРО-ДПМНЕ: Не сме гласале против бесплатен паркинг во Центар

 

 

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги демантира како апсолутно неточни информациите објавени во одредени медиуми дека нивната советничка група во општина Центар не гласала за бесплатен паркинг и ги оценува како злонамерен обид да се наштети врз работата и угледот на советничката група и свесно да се доведе јавноста во заблуда.

Според партијата, предлогот кој Жерновски и мнозинството на СДСМ го дал не е апсолутно бесплатен паркинг, бидејќи секое семејство во општина Центар за секое второ и трето возило треба да доплаќа одреден паричен надоместок што значи дека не се работи за бесплатен паркинг.

- Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше апсолутно бесплатен паркинг за секое семејство од општина Центар. Откако беше образложено дека се работи за предлог кој претставува измама, советничката група гласаше тој предлог да не се стави на дневен ред, а не против самиот предлог како што пренесоа одредени медиуми, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега