Перничиња со јогурт
Состојки:
• 200 мл јогурт
• 200 мл млеко
• 1 јајце
• 1 прашок за пециво
• 2 мали лажички сол
• 1 мала лажичка шеќер
• 2 големи лажици масло за јадење
• 900 гр брашно
Приготвување:
Од сите состојки се замесува тесто. Се остава да постои околу 20 минути. Тестото го делиме на 4 дела. Секој дел се расукува во кора со дебелина од околу 1 см и го сечеме во форма на квадрати. Постапката ја повторуваме со сите делови.
Се пржи во длабока тава во врел зејтин. Додека се пржат се тресе тавчето за да може врелото масло да ги фати од двете страни и така тие убаво се полнат со воздух и изгледаат како перничиња. Испржените перничиња ги ставаме на хартија за да ја впие непотребната маснотија. Се јадат топли со чаша јогурт.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа