Каде го оставивте возилото? - Пајакот здипли 90 автомобили

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 33 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 33 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Во текот на трите дена со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 94 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега