Премиерот најави крупна инвестиција во охридско-струшкиот регион

Премиерот Никола Груевски најави нова германска инвестиција во охридско-струшкиот регион.

Одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, Груевски посочи дека има нова, сигурна инвестиција.

Името на фирмата не сакаше да го открие, сметајќи дека компанијата прва треба да ја објави одлуката да инвестира во земјава. Се работи за компанија за автомобилски делови, која ќе донесе нови вработувања.

-Инвестицијата е сигурна. Во наредните две недели ќе се донесе одлуката каде точно ќе се гради новата фабрика, односно дали ќе биде во просториите на ЕМО или во технолошко-индустриската зона во овој регион. Одлуката ќе биде донесена по калкулација на трошоците, посочи Груевски.

И други компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега